Пожар во стан во Ново Лисиче
Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.
Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Звонко Томески.
Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…