Пожар кај Бит-пазар: Запалени три автомобили!
Три автомобили се изгорени во близина на клучката кај Бит-пазар. Полицијата врши увид за да се открие како избувнал пожарот на паркираните автомобили (еден со гостиварски таблици, две со скопски), потврдија од МВР за МИА.
Како што посочуваат од МВР, пожарот е пријавен околу 3 часот наутро по што интервенирале пожарникари и ги изгаснале возилата. Оттаму потенцираат дека нема повредени лица.
На 08.05.2023 во 03:11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…