Објавено на:

Пожар кај Пепелиште се шири кон планина Серта

t

Пожар на отворен простор кај село Пепелиште се шири кон планината Серта, од Општина Неготино до ЦУК има барање за асистенција од хеликоптер, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај Пепелиште, во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прoшири во правец на планината Серта, соопштија од Центарот.

Градоначалникот на Неготино доставил до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер, за воздухопловна противпожарна поддршка на противпожарните сили што дејствуваат по земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…