Објавено на:

Позната агендата за средбата Вучиќ-Курти во Охрид

t

Премиерот на Косово, Албин Курти, во сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот посредуван од Европската Унија. Двајцата лидери дефинитивно го потврдиле учеството на средбата, јавува РТК.

Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, најпрво ќе одвоено ќе се сретнат со Курти и Вучиќ, а потоа ќе имаат и заедничка средба. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на т.н. „Европски план“ за нормализирање на меѓусебните односи.

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина, се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Средбата меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти со претставници на ЕУ во Брисел кон крајот на минатиот месец заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Борел тогаш изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни. Борел истакна дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија формираше работна група што ќе го…

Владата на Србија формираше Работна група за…

Уапсен е и братот на еден од…

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар…

Вучиќ: Србија ќе им се спротивстави на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти денеска…

Жителите на Бор палат свеќи за малата…

Жителите на Бор вечерва палат свеќи и…

Харадинај: Одлуката за укинување на динарот му…

По повод денешната рунда од дијалогот во…