Објавено на:

Позната украинска писателка загина во рускиот напад на Краматорск

t

Наградуваната украинска писателка Викторија Амелина загинала во рускиот напад во ресторанот во источниот град Краматорск, кој се случил во вторникот. Истражувачот за воени злосторства стана 13-то лице кое загинало во нападот. Здружението на писатели ПЕН Украина соопшти дека лекарите „направиле сѐ што можеле за да ѝ го спасат животот, но за жал повредите биле фатални“.

Активистите за човекови права го нарекоа нападот воено злосторство. Краматорск е под украинска контрола, но е блиску до делови на Украина окупирани од Русија, пренесува „Би-Би-Си“. 37-годишната Амелина вечераше со делегација од колумбиски новинари и писатели во популарниот град Риа салон кога проектилот погоди. Околу 60 други беа повредени во нападот.

Таа итно била пренесена во болница во Днипро, но во петокот им подлегнала на повредите, соопшти ПЕН Украина.

„Со голема болка ве известуваме дека срцето на писателката Викторија Амелина престана да чука на 1 јули. Во последните денови од животот на Викторија, нејзиното семејство и пријателите беа покрај неа“, се вели во соопштението на групата.

Амелина била една од најславните млади писателки во Украина која почнала да ги документира воените злосторства по целосната инвазија на Русија минатата година. Таа, исто така, започнала да работи со деца во близина на линијата на фронтот.

Минатата година таа го откопала дневникот на писателот за деца Володимир Вакуленко, кој бил киднапиран и убиен од руските војници во градот Изум веднаш по инвазијата.

Нејзината прва нефикционална книга на англиски јазик, „Дневник за војна и правда: Гледајќи ги жените што гледаат на војната“, допрва треба да биде објавена.

Во претходна изјава со која се потврдува дека Амелина била повредена во нападот, ПЕН Украина и организацијата за воени злосторства „Трут Хаундс“ сооштија дека членовите на двете групи отпатувале на фронтот со Амелина.

„Сега, Викторија и самата стана жртва на воено злосторство“, велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…