Објавено на:

Познатиот американски новинар: Зеленски проневерил околу 400 милиони долари од САД

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и членовите на неговата Влада проневериле стотици милиони долари што САД ги одвоиле за купување гориво, вели американскиот новинар, добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш, во напис објавен на платформата Substack.


„Зеленски купи дизел гориво од Русите со попуст. А кој плаќа за гас и нафта? Ние“, вели Херш кој цитира „упатен американски разузнавач“.
Според новинарот, не се знае колку Киев платил за дизел гориво.

Зеленски и многумина од неговата придружба повлекувале „ милиони американски долари наменети да платат за дизел гориво“, продолжува истражителот. Аналитичарите на ЦИА проценуваат дека минатата година биле „проневерени најмалку 400 милиони долари“.
Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, го информираше украинскиот претседател за корупцијата во Киев во јануари, давајќи му листа од 35 функционери и генерали. Десет дена подоцна, Зеленски отпушти десет од функционерите обвинети на оваа листа, кои се возеа со нивниот нов Мерцедес, заклучи Херш.
Европската комисија постави неколку услови за Украина да добие статус на кандидат за членка на ЕУ, меѓу кои е и зајакнувањето на борбата против корупцијата. Според заменикот на Рада, Ирина Герашченко, неказнивоста и корупцијата што постојат во Украина се последица на политичката цензура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…