Познатиот новинар Херш: Проблемите во американското разузнавање можат да доведат до војна со Русија
Проблемите во работата на американската разузнавачка заедница на крајот би можеле да доведат до воен конфликт меѓу Америка и Русија, пишува американскиот новинар, добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш во статија објавена на платформата „Сабстек“.
Како што рече, убедувањето на Белата куќа дека властите во Киев ќе постигнат успех во конфликтот со Москва може да се заснова на „лудо оптимистичките проценки на Одбранбената разузнавачка агенција на Министерството за одбрана на САД“, кои, според него, неодамна стана приоритетна разузнавачка агенција на американската администрација.
Херш, исто така, вели дека Белата куќа во моментов избегнува разузнавачки информации што не ги сака.
„Ако не се запре со она што моментално се случува во американската разузнавачка заедница, тоа може да доведе до војна со Русија, која никој не ја сака“, предупреди американскиот новинар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…