Познатиот режисер си ја отвори душата: Украина е вториот чин од бомбардирањето на Југославија и континуитет на русофобијата на Западот
Кустурица: Украина е втор чин на НАТО бомбардирање на Србија!
Бомбардирањето на Србија беше првиот чин, сега Украина е вториот чин од нападот на НАТО врз Југославија, изјави Емир Кустурица.
„Светот минува низ деконструкција на сила која се сметаше за врховна пред 23 години. Сегашниот конфликт околу Украина е практично продолжение на бомбардирањето на НАТО од 1999 година“, рече Кустурица.
Според него, бидејќи Русија во тоа време била слаба и управувана од „западна олигархија“ која го поддржувала тогашниот претседател Борис Елцин, Србија била апсолутно сама во борбата за својата слобода, граници и опстанок.
„Во тоа време, меѓународното право беше сменето во она што јас го нарекувам „хуманитарно“ право“, рече Кустурица, алудирајќи на официјалната причина на НАТО за бомбардирањето, а тоа е да се запре хуманитарната катастрофа на Косово и Метохија.
Подоцна стана доктрина наречена „одговорност за заштита“, која се користи како изговор за војна. Сегашната војна излезе од никаде. Ова е продолжение на нешто што беше посеано многу порано. Можете да го видите континуитетот на русофобијата на Запад, која ја отфрли Партнерство на Русија по Студената војна“, заклучи Кустурица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…