Познатиот Цацко: Тројца странски амбасадори ме убедуваа да прифатам почитички ангажман по кој за шест месеци ќе влеземе во ЕУ

t

Познатиот македонски сатиричар Љупчо Бубо Каров, во јавноста познат како Цацко од култното „К-15“, откри дека тројца странски амбасадори го убедувале да прифати политички ангажман, а претходно бил убедуван да се приклучи и на „Шарената револуција“.

Во гостувањето во емисијата „До полноќ со Топалова“, Каров раскажа дека првично ги одбивал понудите за политички ангажман.

„Прво ме убедуваат да влезам во Шарената револуција и ги одбив“, изјави Каров.

На прашањето за кои амбасадори станува збор, Каров не откри имиња, ниту посочи кои држави ги претставувале.

Според неговото сведочење, во разговорите се споменувала и можноста Македонија да стане членка на Европската Унија во рок од само шест месеци. Токму таквите очекувања биле меѓу причините поради кои подоцна решил да прифати советнички ангажман.

Каров зборуваше и за својата трансформација од сатиричар кој со години ги критикувал политичарите во човек кој прифатил ангажман во институциите.

Тој објасни дека целта на сатирата во „К-15“ била критика на политиките, а не исклучиво на личностите кои ги спроведувале.

„Отидов таму со надеж дека нешто ќе сменам“, рече Каров.

Неговото сведочење отвора низа прашања за улогата на странските дипломатски претставници во тогашните политички процеси во Македонија, нивните контакти со јавни личности и евентуалните обиди за нивно политичко мобилизирање.

Особено внимание привлекува тврдењето дека во разговорите се споменувало членство во Европската Унија во рок од шест месеци, перспектива која и по речиси една деценија од „Шарената револуција“ останува нереализирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познатиот Цацко: Тројца странски амбасадори ме убедуваа…

Познатиот македонски сатиричар Љупчо Бубо Каров, во…

Трамп: Војната со Иран е финансиски обезбедена…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната…

(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…