Познати личности кои се во сродство

t

Американски медиуми наведоа неколку славни личности за кои малкумина знаат дека се далечни роднини еден со друг.

Бред Пит и Спајк Ли

Бред Пит и Спајк Ли се стари пријатели, но тие се и дванаесетти братучеди. Веста ја објави генеалошката веб-страница Geni.com. Бред Пит зад себе има успешна актерска кариера со десетици филмови, меѓу кои „Боречки клуб“, „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, „Беше еднаш во Холивуд“, додека Спајк Ли е познат по своите независни филмови и по ангажманот во социјални и политички прашања во неговата работа. Двајцата соработуваа на документарниот филм на Ли, насловен If God Is Willing and Da Creek Don’t Rise“ од 2010 година.

Бен Афлек и Мет Дејмон

Бен Афлек и Мет Дејмон се пријатели од детството и заедно ја започнаа својата кариера како сценаристи. Тие го напишаа и глумеа во филмот „Добар Вил Хантинг“, за кој добија „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио во 1997 година. Потоа продолжија да работат заедно во различни филмски и телевизиски продукции, и до ден-денес се пријатели. Покрај нивното пријателство и професионална врска, Бен и Мет се и десетти братучеди. Двајцата актери ја открија роднинската врска во 2009 година, кога New England Historic Genealogical потврди заедничко потекло.

Aврил Лавињ и Џастин Бибер

Аврил Лавињ е канадска пејачка која се прослави во 2000-тите со хитовите Complicated и Sk8er Boi. Џастин Бибер е канадски пејач кој постигна светски успех како тинејџер во 2010 година со песни како како Baby и Sorry. Двајцата, според истражувањето објавено во Ancestry, се во роднински врски, односно дванаесетти братучеди. Овие две славни личности делат и сродство со други познати личности на оваа листа.

Селин Дион и Рајан Гослинг

Селин Дион е канадска пејачка и актерка, позната по успешната кариера како поп уметник и по нејзиниот моќен глас. Рајан Гослинг е канадски актер, кој глуми во повеќе хитови како The Notebook, Half Nelson и La La Land. Според американското истражување објавено во Ancestry, сродството меѓу двете ѕвезди датира од некои од првите доселеници кои живееле во Квебек пред 400 години.

Ел Фенинг и Кејт Мидлтон

Ел Фенинг е американска актерка, позната по филмовите Super 8 и Maleficent. Кејт Мидлтон е војвотката од Кембриџ, сопруга на принцот Вилијам и член на британското кралско семејство. Ел потекнува од Едоардо Трети од Англија и затоа е далечна роднина на Кејт Мидлтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силна експлозија на бомба во Атина, била…

Силна експлозија се случи во текот на…

Палер Македонија и МАТ: Се восхитувавме на…

Целта на Меѓународниот ден на цивилното воздухопловство…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Во Брисел денеска ќе се одржи самитот…

Во Брисел денеска ќе се одржи самит…

Сушата на Панамскиот канал ја попречува глобалната…

Прекините ги принудуваат испраќачите да користат подолги…