Познато во каква состојба е девојчето кое доби струен удар на вагон снимајќи видео за Тик Ток
Малолетничка заврши на Ургентниот центар по струен удар кој го добила снимајќи видео за Тик Ток на воз во Маџари.
Според информациите кои Сител ги доби од МВР, во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка. На лице место излегле полициски службеници, БППЗ и ИМП. Малолетничката е пренесена во УЦ Скопје за укажување лекарска помош, велат од МВР за Сител.
Од ТОАРИЛУЦ, односно од Ургентниот центар за Сител велат дека девојчето е во стабилна состојба, но со висок степен и процент на изгореници по телото. До инцидентот дошло додека таа снимала видео за Тик Ток, ова девојчето сама го кажала во изјава за истражните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…
Трамп рече дека не планира нови напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…