Познато е кога ќе се гласа за уставните измени!
Денес претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, го примил Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со насоки за изменување и дополнување на Уставот, чиј предлагач е Владата, соопштија од Собранието.
„Претседателот Џафери веднаш го достави Предлогот до пратениците во Собранието и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. Ја информираме јавноста дека, согласно Уставот и Деловникот, претседателот веќе ја закажа пленарната седница за 18 август во 11.00 часот. Пред да се разгледа Предлогот на пленарна седница, согласно прописите, Предлогот ќе го разгледа Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е претседателот Џафери. Седница на Комисијата за уставни прашања е закажана за 25 јули во 10:00 часот. Согласно законските одредби, Комисијата треба да расправа по Предлогот најмногу 10 работни дена. Со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седница за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август. По што, Предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до 10 работни денови. Доколку, со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува Заклучок и го праќа материјалот до Владата на Република Македонија. Собранието, со Заклучокот утврдува рок во кој подносителот (Владата), изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив. Потсетуваме дека работата на Комисијата за уставни прашања и пленарната седница ќе бидат пренесувани во живо на Собранискиот ТВ канал и граѓаните ќе имаат постојан увид во работата на Собранието“, се вели во соопштението од собраниските служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
На Арон Орбан му е одреден едномесечен…
Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…