Познато името на партијата на Меџити

t

Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија, која пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.“- стои во соопштението испратено до медиумите.

Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk.

Инаку, партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август.- додаваат во соопштението.

Меџити кој формира нов политички субјект откако со огнената група не успеа да направи промени во ДУИ. Тој веќе им зеде уште двајца пратеници на власта, со што мнозинството остана без вкупно три пратеници, а сега смета дека ќе му се приклучат уште.

Меџити соопшти дека со Мерита Коџаџику излегуваат од ДУИ и ќе формираат ново политичко движење, на кое се придружува и независниот пратеник Кастриот Реџепи.

Меџити очекува да се зголеми поддршката со приклучување и на други пратеници и одговори потврдно дека тие може да се и од редовите на власта.

Во моментов сме тројца, има разговори за приклучување на други, не мора да значи само од ДУИ, изјави Меџити.

Имал средби и со лидерите на опозициските Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, и не гледа, како што рече, пречка за поинтензивна соработка и обединување околу идеи и понуда со што ќе ги привлечат гласачите, да изградат заедничка платформа и опозициски албански фронт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…