Познато кој ги пронајде девојчињата и зошто не се јавувале на телефон – близок роднина раскажа детали
Полицајци во близина на Кисела Вода ги пронашле двете изгубени девојчиња од Струмичко, кои повеќе од осум часа се водеа за исчезнати. Девојчињата биле исплашени и лутале во обид да го пронајдат патот во „Веро Џамбо“, каде биле последен пат со групата ученици и наставниците со кои биле на Саемот на книгата.
Полицајците ги препознале, откако ги пресретнале. Ова за ММС го раскажа Марјан Јанков, роднина на едно од девојчињата.
-Голем, огромен број на полицајци беа во потрагата, за што сме многу благодарни. Имаше и многу граѓани. Само од Петралници имаше над 30 луѓе во потрага. Имаше и од Струмица, Босилово, граѓани на Скопје. Децата прво се шетале, а потоа залутале. Сега се добри, иако исплашени, изјави Јанков.
Иако и двете девојчиња на 12 и 14 години имале мобилни телефони со себе, не можело да се воспостави контакт со нив, бидејќи батериите им се испразниле. Додека лутале во обид да најдат пат до таму каде биле оставени, не се обиделе да прашаaт каде да се упатат, туку едноставно само се движеле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…
Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…