Познато нивото на инфлација во Македонија: Бројката нема на никому да му се допадне

t

Македонија со висока инфлација од 6,7%, потврди Државниот завод за статистика. Државниот завод за статистика го потврди она што сите го чувствуваме на сопствената кожа – висока инфлација мерена како пораст на трошоците на живот во јануари годинава, во однос на истиот месец лани.

Притоа, најпоразителни се податоците за порастот на трошокот за храна кои за една година се зголемиле за дури 9,2 проценти, како и за порастот на цените на транспортот кои се зголемиле за 16,7 проценти.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, вооднос на претходниот месец, изнесува 101.5, а индексот на цените на мало изнесува 101.2, информира Државниот завод за статистика.

„6,7% инфлација во Македонија !!!

Јануари 2022 година наспротив јануари 2021, според индекс на трошоци на живот, објавен денес од ДЗС…“ напиша Димовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сојуз на борци од Тетово: Не смее…

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…

Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…

Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…

Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…

Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…

На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…