Објавено на:

ПОЗНАТ АКТЕР ЗАГИНА НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА: Го напушти театарот и замина на бојното поле како волонтер

t

Познатиот руски актер Леонид Гусаров (51) загина во борбите во Украина!

Веста ја објави детското ликовно училиште „Жуковски“. Управата на училиштето објави дека Гусаров доброволно заминал на фронтот во август 2023 година.

– Загина херојски при извршување на борбени задачи – соопштија од управата.

Гусаров е роден на 13 февруари 1973 година во Ангарск. Како тинејџер почнал да глуми во локалниот театар, а во 2012 година се вработил во Уметничкото училиште „Жуковски“ каде глумел и истовремено работел како наставник во театарската катедра.

На сцената одигра повеќе од 20 улоги. Имаше и неколку филмски улоги, меѓу кои и хоророт „Спорове“ од 2011 година, каде го толкуваше главниот лик.

Украинскиот театарски и филмски актер Богдан Колесник, да потсетиме, загина и на фронтот за време на борбена мисија.

Foto: Facebook printscreen, YouTube/ Daily Mail
(Kurir.rs/RBC/Preneo Z.Ko)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…