Објавено на:

Познат беше по дилерите, пукањето, тепачките… За инцидентот на „Фристајлер“ месец дена притвор за менаџерот и директорот

t

Белградското обвинителство одреди притвор од 30 дена за осомничените В.Д. (46) и Р.М. (41), директор и менаџер на сплавот „Фристајлер“, додека на сопственикот Љ.М. (51) му е одредена мерка „забрана за приближување, средба и комуникација со одредено лице и посета на одредени места“.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.

За среќа, во инцидентот немаше повредени и настрадани лица.

Извлекувањето на сплавот е обврска на сопственикот на објектот, соопштиле од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

Инаку, неколку дена по делумното тонење, сплавот сè повеќе тоне и дополнително се навалува.

Порталот „Нова.рс“ објави дека тонењето на „Фристајлер“ за време на новогодишната забава не е прв случај во кој овој белградски сплав се споменува во медиумите во негативен контекст.

Сплавот се споменува во случаи на шверц на дрога, инциденти со оружје, повеќе случаи на физичко насилство, а во 2017 година бил и запален од страна на непознати лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…