Познат економист предупредува: Може да се случи таков економски крах – што и доларот би бил безвреден
Познатиот писател и економист Роберт Кијосаки предупреди дека активностите на владите – како што се трошењето 16% од глобалниот БДП за пандемијата на Ковид и масовното печатење пари – може да доведат до крах толку голем што дури и глобалната резервна валута, американскиот долар би станала “безвредна.”
Во најновата епизода на Live from the Vault, бизнисменот објасни дека кога „кулата од карти“ ќе почне да се руши во невидени економски времиња, има потреба да се преиспита како луѓето го складираат своето богатство. Големиот проблем со ФИАТ парите е тоа што тие главно се засноваат на јавната доверба во оној кој ги печати, рече тој.
Според Кијосаки, постојат голем број начини за складирање на богатството кои се независни од која било централна банка и можат да помогнат да се ублажи влијанието на кој било економски крах. Тоа се првенствено купување злато и сребро, рече тој, додавајќи дека инвестирањето во недвижен имот и крипто валути се исто така одлични потези кои што треба да се направат.
„Тие (владите) сега мора да продолжат да печатат, или ние ќе доживееме крах“, рече авторот на „Богат татко сиромав татко“, нагласувајќи: „Затоа јас говорев за златото сите овие години“.
Зборувајќи за недостигот на доверба на пазарите на хартии од вредност, Кијосаки советуваше инвеститорите да се оддалечат од какви било деривати на злато и сребро, без разлика дали се фјучерси или ETF, бидејќи тие се отворени за манипулации. Важно е да се купи физичко злато – омилената заштита од турбуленции на пазарот – како и сребро во фунти и унци, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во август е 2,6%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…
Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…
НБРМ: Инфлацијата забавува и е во рамките…
Советот на Народната банка ги разгледа најновите…
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…
Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти…
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува…