Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката за која ѝ се суди на Ива Михајлова
Познат е идентитетот на лицето кое го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа за која пред Основниот суд во Кочани се води постапка против Ива Михајлова.
Станува збор за Весим Дурмиши од скопското село Љуботен, чиј идентитет, според објавените информации, е потврден и од Основното Јавно Обвинителство.
Несреќата се случила на 7 октомври 2025 година, на патниот правец Кочани – Штип. Во судирот животот го загубил Дурмиши, а неколку други лица биле повредени, меѓу кои и Михајлова.
Против неа се води судска постапка за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот. Во текот на постапката биле презентирани различни вештачења за причините за несреќата, додека конечната одговорност треба да ја утврди судот.
Случајот повторно се најде во центарот на јавноста откако Михајлова замина во Бугарија, иако против неа сè уште се води судска постапка и, според македонските институции, била на сила судска забрана.
Нејзиното заминување и приемот на високо ниво во Софија предизвикаа реакции од македонските институции. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека ќе ги информира Европската Унија и Советот на Европа за постапувањето на бугарските институции.
Од МНР порачаа дека „приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака“, нагласувајќи дека националната припадност не може да биде основа за избегнување на законите.
Реагираше и Министерството за правда, од каде истакнаа дека владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот и почитување на судските одлуки и постапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката за…
Познат е идентитетот на лицето кое го…
Трамп и Рубио размислуваат да ја разрешат…
## Трамп и Рубио размислуваат да ја…
(Видео) Скандал околу адвокатот на Ива Михајлова:…
Бугарскиот адвокат Николај Димитров, кој ја застапува…
Доцни мечот на Ал Наср, светот се…
Мечот помеѓу тимот на Ал Нарс, за…
ЕУ подготвува построги визни правила за руските…
Европската комисија ги финализира плановите за дополнително…