Познат идентитетот на трите жртви во трагедијата кај Блаце
Познат е идентитетот на трите лица кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на патот од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои претходно беа пријавени за исчезнати од нивните семејства.
Според информациите што ги објави телевизијата „Алсат“, автомобилот бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Според првичните сознанија, две од лицата биле преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, по што тргнале кон Косово. Несреќата се случила пред да ја преминат државната граница.
Семејствата ден претходно преку медиумите и социјалните мрежи побараа помош од граѓаните за нивно пронаоѓање. Според објавите, тројцата последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје.
Тие патувале со син „мерцедес ГЛЦ“ со германски регистарски таблички.
Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во неделата во 22:35 часот било пријавено превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки на патот ГП „Блаце“ – Скопје. Полициските службеници на местото пронашле три починати лица – едно машко и две женски лица, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Истрагата за причините што довеле до несреќата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…