Покана за промоција на Монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески

t

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески од Охрид. 

Автор на Монографијата е проф. д-р Владимир Величковски. 

Ако се земат во вид обемот на делото 480 страници – тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик,  монографијата е од енциклопедиско значење. 

Таа содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски,писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо Јованоски.

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2000 идејни дизанерски решенија.

Подготовката на монографијата траеше повеќе од  6 години, техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

Промоцијата на монографското издание е закажана за 22 ноември во 13 часот во Ликовниот салон на МАНУ (Македонската Академија на Науките и Уметностите) во Скопје. 

По тој повод поздравна реч ќе одржи претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев а промотор ќе биде проф. д-р Ивица Џепаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јордан го затвора воздушниот простор за сите…

Јордан привремено го затвора својот воздушен простор…

Жена се породила во авион на летот…

Жена се породила во авион на летот…

Бела куќа: Исламски отпор во Ирак е…

САД веруваат дека екстремистичката организација Исламски отпор…

Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…

Јордан: Израел не може да победи

Непријателството создадено од насилството во Газа ќе…