Покачувањето на минималната плата се најде пред пратениците

t

Започна собраниската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари.

Законот е предложен откако на Економско-социјалниот совет во Владата овој месец беше постигнат договор со Сојузот на синдикатите на Македонија и со Организацијата на работодавачи да се зголеми износот на минимална плата на 18 илјади денари.

Страните се договорија покачувањето да почне од мартовската плата, а од Владата беше наведено дека работниците ќе имаат покачување од околу 45 евра.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Собранието го образложи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.

Таа рече дека текстот е подготвен во дијалог со работодавците и работниците и дека е донесено решение кое го поддржале сите, односно минималната плата да биде 18.000 денари.

„Во самиот Предлог-закон е предвидено државата да ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари“, рече Тренчевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека нивната пратеничка група ќе го поддржи предлог законот за минимална плата.

„Не е потребно зголемување само на минималната плата, туку на сите плати во сите дејности“, рече Стојановски.

Пратеничката од редовите на Алијанса на Албанците, Илире Даути рече дека платите треба да се покачуваат скалесто и дека нивните два амандмана не биле прифатени на Комисијата за труд и социјална политика.

Даути рече дека државата не треба дополнително да ги оптоварува бизнисмените со давачки за вработените и дека треба да им помогне и за следните две години.

Претходно, пратениците ги усвоија Законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, измените во Законот за Царинската тарифа, измените во Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, како и измените во Законот за платен промет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еуроњус: Учеството на доходот од трудот во…

Според анализата на Меѓународната организација на трудот…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80%…

Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…