Покренато ново обвинение против Трамп
Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе нови обвиненија против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од истрагата за обидите за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, кои доведоа до упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Обвинението се состои од четири точки во кои Трамп е обвинет за планирање заговор против САД, заговор за попречување на службената постапка (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службената постапка, како и за кршење на правата загарантирани со закони и Устав на САД, објави „Фокс њуз“.
Во обвинението се додава дека Трамп имал и шест соучесници, но нивните имиња не се објавени.
Поранешниот американски претседател е повикан да се појави пред федералниот судски суд во Вашингтон во четврток.
Првото обвинение против Трамп беше покренато како дел од истрагата за доверливи документи кои поранешниот претседател ги изнесе од Белата куќа. Трамп претходно беше обвинет од големата порота на Менхетен за деловна измама.
Трамп се изјасни за невин во двата случаи.
Тимот на Трамп реагираше на покренувањето ново обвинение, оценувајќи дека тоа претставува обид за мешање во претседателските избори во 2024 година.
„Прогонот на претседателот Трамп и неговите поддржувачи потсетува на нацистичка Германија во 1930-тите, поранешниот Советски Сојуз и другите авторитарни, диктаторски режими“, се вели во соопштението на тимот на Трамп.
Се додава дека Трамп отсекогаш ги почитувал законите и Уставот на САД, со совети на многу врвни адвокати.
„Овој лов на вештерки ќе пропадне и претседателот Трамп ќе се врати во Белата куќа за да може да ја спаси нашата земја од злоупотребата, неспособноста и корупцијата што тече низ вените на нашата земја на нивоа што досега не биле видени“, рече тимот на поранешниот претседател. изјава.претседателот на САД.територии – денешна западна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…