Политика: Европскиот парламент бара Вучиќ да го признае Косово во склад со меѓународното право!

t

Европскиот парламент денеска усвои резолуција со која се бара санкции против Србија доколку се докаже дека Белград е поврзан со престрелката во Бањска, пишува српска “Политика”.

Во текстот што беше усвоен во Стразбур со убедливо мнозинство, не сметајќи ги пратениците на Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан кои беа против, се наведува дека Европскиот парламент ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, но „на основа на принципот на меѓусебно признавање и во согласност со меѓународното право.“ . Односно, Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ, кој е многу застапен во овој документ, треба даја препознаат државата Косово и сето тоа почитувајќи го меѓународното право.

Европратениците побараа од Приштина формирање Заедница на српски општини, но согласно Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд од 2015 година!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…

Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка

Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…

Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…

Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…

По изборната победа во Србија, студентското движење…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…