Политички хаос во Албанија: Поранешниот албански претседател повикува на протести, за Рама вели дека е диктатор кој инсталира српска хегемонија
Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, повика на масовни протести и притоа го спореди владеењето на премиерот Еди Рама со диктаторски режим.
Бериша, кого неговите приврзаници го избраа за нов лидер на опозициската Демократска партија и веќе го зазеде седиштето на партијата, на средба со претседателите на општинските организации Рама го нарече најопасен непријател на земјата, по Енвер Хоџа.
– Се соочуваме со Еди Рама кој е најопасниот непријател по Енвер Хоџа. Имаме монистички режим кој беше до 1991 година. Ништо поразличен, дури помонистички од него. Денеска целата власт, без исклучок е во рацете на Еди Рама, во рацете на еден човек, во рацете на една партија, реалност е дека Албанија е партија држава, кардинална форма на диктатура. Тука Уставот не постои, рече Бериша.
Оценувајќи ја состојбата во земјата како тешка а Албанците заплашени побара од локалните партиски лидери да се подготват за протести.
Бериша го обвини Рама дека соработува со српскиот претседател Александар Вучиќ на штета на Албанците и на Косово.
– Албанците денеска каде и да се му се обраќаат на Албин Курти, со неговиот заштитнички став од проект кој воспоставува чиста српска хефемонија, посочи Бериша мислејќи на иницијативата “Отворен Балкан”.
Тој и претходно упати остри критики во врска со одржувањето на Самитот во Охрид.
-Самитот преставува опасна алијанса за мирот и стабилноста на Балканот и има за цел создавање на српска хегемонија и руско влијание во регионот – изјави Бериша за одржувањето на Самитот во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…