Објавено на:

Полицајци нападнати од агресивни граѓани во Скопје, Берово и Ресен, насилниците се приведени

t

На 05.05.2024 во 16:20 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Ѓ.С.(49) од Берово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 04:10 часот на Градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И.(33) од Ресен затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 14:35 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И.(46) од с.Шишево, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2024 во 01:30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(19) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…