Полицајци организирале бегство на криминалци – ова се деталите
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, презеде истражни дејствија против двајца полициски службеници поради постоење сомневања дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Првоосомничениот, раководител на смена, двајцата албански државјани кои на стоп листа биле бидејќи поседувале македонски патни исправи со украден идентитет, ги сместил во неговата канцеларија, додека третиот го испратил наводно по храна во Косово без притоа да го евидентира во системот за излез од државата. По одредено време возачот, по претходен договор со првоосомничениот, се вратил на граничниот премин и непречено ги земал задржаните лица, па заедно побегнале кон Косово без притоа да бидат забележани од пограничните служби.
На предлог на обвинителството на првоосомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 8 дена, додека на второосомничениот со решение на судот му е одземена патната исправа.
Обвинителството продолжува да истражува инволвираност и на други лица во кривично правниот настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…