ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Претреси на околу 30 локации, опфатени и полицајци

t

Неофицијално, Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации.

Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.

Според неофицијалните информации, истрагата е поврзана со активности со наркотици, а под лупа на истрагата наводно се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можни поврзаности со лица или активности што се предмет на истрагата.

Од специјални единици до редовната униформирана полиција голем број полициски службеници се видливи на терен и се вршат проверки на повеќе локации во градот и поширокото подрачје.

Акцијата е во тек. Дали станува збор за една од поголемите полициски операции во Прилеп во последните години, треба да покаже целосниот тек на истрагата и официјалните информации од надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…

Во врска со одлуката на Народната банка…

Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…

Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…

70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…

Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…

ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…