Полициска акција во Тетово: Фатени лица без сертификат, малолетници и оружје…

t

На 08/09.01.2022 во периодот од 22,00 до 03,00 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат спровеле акциска контрола со која биле опфатени 4 угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

При контролата во две казина на тетовското подрачје биле затекнати 5 лица кои не поседувале сертификати за примена вакцина против Ковид-19, потоа еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож.

На затекнатите лица како и на објектите во кои се затенати ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Покрај ова соодветен поднесок ќе му биде изготвен и на угостителски објект во с.Врапчиште-гостиварско каде било утврдено дека не се почитувале протоколите за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…

МВР: Повеќе возрасни лица сексуално злоупотребувале малолетник…

Полицијата во дневниот билтен објави грозоморен случај…

Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…

По секојдневните пријави од жени за семејно…

ОЈО постапува по пријава за тешка телесна…

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска…