Објавено на:

Полициска бркотница со криумчари на мигранти од Косово, приведени три лица

t

Утрово полициска акција се случила на автопатот Гевгелија – Скопје, откако биле приведени тројца криумчари од Косово, кои пренесувале мигранти од Сирија.

– Денеска (05.10.2023) во 03.25 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионален центар за гранични работи Југ, од слобода биле лишени Р.О.(21), Б.Ц.(26) и К.Ф.(26), сите од Косово. Околу 03.05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе „форд“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“ со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење. Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…