Полицијата го забрани протестот за Додик во Сараево
Српските здруженија во Босна и Херцеговина и утре ќе одржат протест за поддршка на Милорад Додик на границата меѓу двата ентитета, против кого беше покренато обвинение за неспроведување на одлуките на високиот претставник откако полицијата во Сараево го забрани собирот пред Државното обвинителство на Босна и Херцеговина поради закана од нереди.
Полициската управа на Нови Град во Сараево одлучи да го забрани протестниот собир, наведувајќи го како причина неисполнувањето на формалните услови и безбедносните причини и посочи дека тоа би се заканило со „големо нарушување на јавниот ред и мир“.
Здруженијата од Република Српска најавија пристигнување на 8.000 Срби пред зградата на државното обвинителство, кое претходно поднесе обвинение против претседателот на тој ентитет, Милорад Додик.
Српските здруженија најавија дека наместо пред државното обвинителство, сега ќе се собираат на неколку места на границата меѓу двата ентитета на Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…