Полицијата на нозе: Дојави за бомби во училиштата низ Бугарија

t

Дојави за бомби денеска призтигнаа во училиштата низ Бугарија. Во 10:30 часот на телефон 112 е добиена информација за поставена експлозивна направа во средното туристичко училиште во Русе.

Изнесени се сите ученици од двете згради на образовната установа, кои се наоѓаат во различни квартови во градот. Полицијата го чува просторот на училиштето и базата за обука.

Нешто пред 13 часот, дојава за бомба е добиена и на Колеџот за компјутерски науки „Минко Балкански“ во Стара Загора. Дојавата е примена по е-пошта. Веднаш следеше одговор и увид во училиштето. Немаше евакуација на ученици, образовниот процес не запре.

Пријави за поставени експлозивни направи се примени и во училиштата во Софија и Бургас и Шумен, објавија БНР и БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Напад со дронови во Црното Море кај…

Бродот што беше нападнат со дронови во…