Полицијата на нозе: Напад со експлозивна направа во фабрика во Косово
Експлозивна направа е фрлена синоќа околу 23 часот врз објектот на дистрибутерот на електрична енергија, „Електрокосмет” во Северна Митровица, при што е предизвикана само материјална штета и нема повредени лица, јави агенцијата КосоваПрес.
Извори на агенцијата информираат дека е целосно уништена една трафостаница и оштетени се неколку возила кои биле паркирани во близина на објектот.
– Постојат сомневања дека направата е фрлена намерно од едно или повеќе лица и е поврзано со договорот за енергетика постигнат меѓу Приштина и Белград пред неколку дена во Брисел. Како последица на експлозијата, најголемиот дел од градот остана без струја до раните утрински часови”, велат изворите на КП.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и ја продолжува истрагата, а покренато е и обвинение за три кривични дела во врска со инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…