Полицијата “открила” угостителски објект кој работел иако бил во дивоградба и немал ништо од противпожарна заштита
Полицијата соопшти дека во саботата при контрола се утврдени серија неправилности во угостителски објект во Свети Николе поради што веднаш бил затворен.
Угостителскиот објект се наоѓал во дивоградба и така си функционирал и служел гости и муштерии.
Откриено е и дека нема ниту план за евакуација при пожари ниту доволен број хидранти и ПП апарати ниту проценка и план за заштита од пожари ниту противпожарен аларм. Покрај тоа, во објектот служеле и работеле непријавени лица.
Во контролата покрај полицајци учествувале и пазарни, трудови, општински и инспектори од Дирекција за заштита и спасување.
Соопштението на МВР во продолжение:
На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, каки претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К. при што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација, немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго. Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште.На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…