Објавено на:

Полицијата фатила осуденик баран со потерница и го спровела во Идризово за доиздржување на казната

t

Утринава, во 4 часот, полицијата уапсила осуденик баран со потерница за доиздржување на затворската казна.

Станува збор за А.И. (35) од липковско, кој e осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 – а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Осуденикот бил баран по потерница за доиздржување на уште три години од казната.

„Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…