Полицијата фати 19-годишен крадец на велосипеди

t

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје.

– Тој се сомничи дека во периодот помеѓу 15 и 18.02.2023 на ул.„Рузвелтова“ одзел велосипед, сопственост на Ж.Т.М. од Скопје и дека ноќта помеѓу 10 и 11.07.2022 одзел велосипед на ул.„Методија Андонов Ченто“, сопственост на В.Т. од Скопје, по што ги продал на А.Н.(44) од Скопје, информира МВР.

Во службен разговор во полициска станица Д.К. ги признал делата. Во полициска станица на службен разговор бил повикан и А.Н., а кај него биле пронајдени одземените велосипеди, кои биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…