Објавено на:

Половина тон кокаин запленет во Британија

t

Четворица мажи се уапсени откако половина тон кокаин во вредност од околу 50 милиони евра бил пронајден на паркинг на селски паб во Источен Јоркшир, соопшти денеска Националната агенција за криминал (NCA).

Дрогата била пронајдена во комбе на паркинг на паб во Лели.

Мажите, тројца од Шкотска и еден од Колумбија, беа уапсени во саботата под сомнение дека увезувале дрога од класа А и ќе останат во притвор.

Алан Френч, висок истражен офицер за NCA, рече дека заплената на значително количество кокаин ќе и нанесе голем удар на организираната криминална група која се обидела да ја прошверцува дрогата во ОК.

„Нема сомнеж дека оваа дрога би се продавала во заедниците низ Британија“, рече Френч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германските цариници заплениле кокаин вреден 500 милиони…

Германските царински службеници во пристаништето Вилхелмсхавен во…

Истрага за осомничен за продажба на кокаин…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Окриени десет килограми кокаин во автомобил

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство…