Полска ги подигна борбената авијација и безбедносните системи на највисоко ниво на подготвеност

t

Оперативната команда на вооружените сили на Полска денеска на својот X налог објави дека утринава полетале полски и сојузнички борбени авиони F-16 со цел заштита на полскиот воздушен простор во екот на рускиот ракетен напад врз цели во западните делови на Украина.

„Во согласност со важечките процедури, Оперативната команда на вооружените сили на Полска ги мобилизираше сите расположливи сили и средства и нареди подигнување на борбената авијација и активирање на воздушната одбрана и радарските системи на највисоко ниво на подготвеност“, се вели во соопштението на мрежата „X“ на полската армија.

Се прецизира дека преземените мерки се во насока на обезбедување безбедност на териториите кои се во близина на загрозената зона, а се посочува дека оперативната команда на полските вооружени сили ја следи моменталната состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

Туск: Полска не сака војна, но ја…

Полска не сака нови битки и се…

Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…

Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…

Полската економија станува се позначајна во Европската…

Туск: Полска не беше цел на објектот…

Полска не била цел на ракетата за…