Објавено на:

Полска е против предлогот за задолжителни заштеди на гас на ЕУ

t

Полска е против предлогот на ЕУ за задолжителни заштеди од 15 проценти во потрошувачката на гас со оглед на тензиите со Русија.

– Можеме да зборуваме за доброволни механизми, можеме да зборуваме за заштеди во одделни земји, рече министерката за животна средина и клима, Ана Москва. Но, таа додаде дека е тешко да се согласи со целта за целосно штедење „без да се знае каква ќе биде зимата што доаѓа“.

Според неа, складиштата за гас во Полска „веќе се полни“.

Германија се соочува со енергетска криза, а рускиот државен енергетски гигант Газпром соопшти дека ќе го намали протокот на гас преку гасоводот Северен тек 1 до Германија до 20 проценти од максималниот капацитет, наведувајќи како причина поправки на друга турбина.

Германските политичари стравуваат дека тоа е измама и е руска одмазда за германската поддршка за Украина по инвазијата од страна на Москва, која се соочи со санкции на ЕУ, потсетува ДПА.

Министрите за енергетика на ЕУ утре во Брисел ќе разговараат за предлогот на Комисијата за заштеда од 15 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…