Полска подигна борбени авиони заради руските напади во Украина
Полска денеска соопшти дека подигнала борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор по руските напади врз Украина.
-Во врска со активноста на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на украинска територија, авиони на полските воздухопловни сили и сојузничката авијација дејствуваат во полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
Руските сили извршија серија напади низ Украина во текот на ноќта, предизвикувајќи голема материјална штета и повредувајќи најмалку 12 цивили.
Нападите беа извршени во Лавов, Мукачево и Запорожје, каде што беа оштетени десетици куќи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…