Објавено на:

Полска стана шеста економска сила во ЕУ, зад неа се Белгија, Шведска, Ирска и Австрија

t

Полската економија станува се позначајна во Европската Унија. Според податоците од европската статистичка служба Евростат, во 2025 година Полска стана шеста најголема економија на ЕУ во однос на номиналниот бруто домашен производ (БДП), со учество од речиси пет проценти во вкупната економија на Унијата.

Вредноста на полскиот БДП по тековни цени минатата година достигна 922,9 милијарди евра, што претставува 4,9 проценти од вкупното економско производство на Европската Унија.

Пред Полска се Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија.

Германија е сè уште убедливо најголемата економија во ЕУ, со БДП од 4,47 трилиони евра. По неа следуваат Франција со 2,99 милијарди, Италија со 2,26 милијарди, Шпанија со 1,69 милијарди и Холандија со 1,17 милијарди евра.

Полска, од друга страна, е пред Белгија, Шведска, Ирска и Австрија.

Оваа земја е убедливо најголемата економија во Централна и Источна Европа. За споредба, БДП на Романија во 2025 година изнесуваше 380,1 милијарди евра, на Чешка 347,3 милијарди, а на Унгарија 218,8 милијарди евра.

Сепак, големината на целокупната економија не мора нужно да укажува колку добро живеат граѓаните на една земја. Кога се гледа БДП по глава на жител, Полска е сè уште под просекот на Европската Унија, односно и покрај тоа  е шеста најголема економија на Унијата, сè уште е во процес на приближување кон животниот стандард на најбогатите членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…

„Северна Македонија направи одлична работа во однос…

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

(Видео) Сирени во Полска, дрон падна на…

Дрон со млазен погон паднал или бил…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…