Полска ја тужи ЕУ за одземање на правото на вето!
Полска поднесе тужба до Европскиот суд на правдата во врска со регулативата на Европската унија за намалување на потрошувачката на гас усвоена во јули, наведувајќи дека регулативата на 27-члениот блок не е усвоена едногласно.
Полскиот заменик-министер за правда Себастијан Калета на Твитер напиша дека регулативата е во спротивност со договорите на ЕУ, додавајќи дека при нејзиното донесување не се почитувал принципот на едногласност.
Калета изјави дека тоа го блокира правото на вето на Полска, иако тоа е јасно предвидено со договорите на ЕУ.
– Ова е многу важно бидејќи ЕУ, која веќе неколку години носи нови решенија во областа на енергетиката, ја лишува Полска од можноста да го искористи правото на вето, рече тој.
Според Калета, ЕУ „се обидува да ја искористи енергетската криза за целосно да го преземе обликувањето на енергетската кошница на континентот“.
Како дел од планот за вонредни состојби што е во сила од јули, ЕУ предвиде сите земји-членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти поради можноста за прекин на испораките на природен гас од Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија останува со најниски цени во ЕУ
Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…
Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…
На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…
Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…
Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…
Европската комисија контактирала со Министерството за образование…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…