Објавено на:

Полска ќе распореди уште 10.000 војници на границата со Белорусија

t

Полска планира да распореди до 10.000 дополнителни војници на границата со Белорусија за поддршка на Граничната стража, изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

– Околу 10.000 војници ќе бидат на границата, од кои 4.000 директно ќе ја поддржуваат Граничната стража, а 6.000 ќе бидат во резерва, соопшти министерот во интервју за јавното радио. – Ја приближуваме армијата до границата со Белорусија за да го избркаме агресорот, за да не се осмели да нè нападне, изјави Блашчак.

Заменик-министерот за внатрешни работи Масиеј Вашик вчера изјави дека Полска ќе испрати дополнителни 2.000 војници на границата со Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…

По победата во Србија, студенти во Албанија…

Студенти во Албанија ја поддржуваат идејата протестите…

Се извини откако претстави македонска песна како…

Најновото издание на популарното музичко шоу „Ѕвездите…

Кировски удри по Заев: СДСМ ја киднапираше…

Она што се случи во Србија е…