Полскиот претседател му се закани на Орбан: Политиката за Украина ќе ја чини Унгарија многу!
Полскиот претседател Анджеј Дуда вечерва во Варшава изјави дека не го сфаќа попустливиот однос на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон Русија која ја нападна Украина и го предупреди својот најблизок сојузник во Европската унија дека таквата политика би чинела многу Будимпешта.
– Во светло на војната во Украина, тешко ми е да ја разберам позицијата на Виктор Орбан. Таа политика ќе ја чини Унгарија многу. Многу, рече Дуда во интервју за полската независна телевизија ТВН24.
По дводневната посета на американскиот претседател на Полска, која Џо Бајден ја заврши вечерва со говор во Кралскиот замок во Варшава, кога ја предупреди Русија да не се осмели да нападне ниту една од членките на НАТО, бидејќи членот пет за колективна одбрана е света обврска за САД, полскиот претседател рече дека засега нема потреба да се активира тој член.
– Се надевам, всушност, убеден сум дека нема да има потреба од примена на член 5 од НАТО. Тоа се руски закани. Русија и да сака, нема сила да изврши инвазија на друга сериозна земја. Според сите информации кои ги имаме, а разговарав и со претседателот на Соединетите Американски Држави, ништо не укажува на потреба од користење на членот пет, потенцираше Дуда.
Полскиот претседател како клучна во разговорите со Бајден и во говорот ја истакна реафирмацијата дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на земја-членка на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…