Објавено на:

Полскиот претседател му се закани на Орбан: Политиката за Украина ќе ја чини Унгарија многу!

t

Полскиот претседател Анджеј Дуда вечерва во Варшава изјави дека не го сфаќа попустливиот однос на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон Русија која ја нападна Украина и го предупреди својот најблизок сојузник во Европската унија дека таквата политика би чинела многу Будимпешта.

– Во светло на војната во Украина, тешко ми е да ја разберам позицијата на Виктор Орбан. Таа политика ќе ја чини Унгарија многу. Многу, рече Дуда во интервју за полската независна телевизија ТВН24.

По дводневната посета на американскиот претседател на Полска, која Џо Бајден ја заврши вечерва со говор во Кралскиот замок во Варшава, кога ја предупреди Русија да не се осмели да нападне ниту една од членките на НАТО, бидејќи членот пет за колективна одбрана е света обврска за САД, полскиот претседател рече дека засега нема потреба да се активира тој член.

– Се надевам, всушност, убеден сум дека нема да има потреба од примена на член 5 од НАТО. Тоа се руски закани. Русија и да сака, нема сила да изврши инвазија на друга сериозна земја. Според сите информации кои ги имаме, а разговарав и со претседателот на Соединетите Американски Држави, ништо не укажува на потреба од користење на членот пет, потенцираше Дуда.

Полскиот претседател како клучна во разговорите со Бајден и во говорот ја истакна реафирмацијата дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на земја-членка на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…