Пол Погба поради допинг суспендиран на четири години
Фудбалерот на Јувентус, Французинот Пол Погба е суспендиран на четири години поради користење на допинг, пренесува денеска „Reuters“.
Италијанскиот антидопинг трибунал (NADO) го суспендирал фудбалерот на Јувентус на четири години на барање на обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија (FIGC).
„NADO“ во септември минатата година привремено го суспендираше францускиот фудбалер, кој беше позитивен на забранетата супстанција тестостерон.
Францускиот фудбалер бил тестиран по натпреварот Јувентус – Удинезе во Серија А на 20-ти август минатата година, кој го преседел на клупата.
Тој бил позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нека ме исмејуваат, но останувам на…
Во второто тромесечје од годината забележана е…
Ученик се онесвестил од пеколното време во…
Наставата во сите основни и средни училишта…
Израел изведе напади во јужен и источен…
Најмалку три лица загинаа, а 23 се…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…