Помалку издадени одобренија за градба во декември

t

Во декември 2023 година се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 401 489 илјади денари,

што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.7 %)

за објекти од нискоградба и 70 (23.9 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 293 објекти, на 151 (51.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (48.5 %) објекти инвеститори

се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 439 станови, со вкупна корисна површина од 35 489 м2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…