Поморска несреќа во риечкото пристаниште: Турски товарен брод удри во Титовиот „Галеб“
Во Риека вечерва се случи поморска несреќа во која товарен брод удри во бродот „Галеб“, пловечката резиденција на Јосип Броз Тито, маршалот на некогашната Социјалистичка Федеративнка Република Југославија, пренесува „Индекс.хр“.
Несреќата се случила додека „Галеб“ кој бил закотвен на бранобранот во Риека, а при маневрирањето во него удрил товарен брод „Дениз Акај“, кој плови под знамето на Бабадос, и требало да исплови од Риека кон Турција.
Капетанот на пристанишната управа на Риека, Дарко Глажар, соопшти дека, според првичните информации, на турскиот брод најверојатно му откажал погонскиот систем и дека веднаш му било забрането испловување од пристаништето додека не се утврдат сите факти за овој судир.
Исто така според првичните информации, нема повредени, а штетата на двата брода ќе биде дополнително утврдена.
„Галеб„ или Бродот на мирот беше школски брод на Југословенската воена морнарица и резиденцијална јахта која ја користеше претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито на своите бројни патувања и домаќин на бројни државници и познати личности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…