Објавено на:

Помошник на поранешниот претседател Реган: Бомбардирањето на Југославија е една од најголемите грешки на Америка

t

Соединетите Американски Држави направија шест грешки кои доведоа до конфликт со Русија, а сега ги жртвуваат Украинците за своите цели, пишува поранешниот помошник на американскиот претседател Роналд Реган, експерт Даг Бенду за весникот „Американски конзерватив“.

„Вашингтон и неговите сојузници постојано поттикнуваат бесмислен конфликт“, смета аналитичарот.

Според него, првата грешка на САД беше проширувањето на НАТО до границите на Русија, и покрај ветувањата дадени на руските лидери дека тоа нема да се случи.

Бомбардирањето на НАТО на Југославија, исто така, им наштети на геополитичките интереси на Русија, наведува Бенду.

„Втората грешка беше газењето на руските геополитички интереси и третирањето на таа земја како безначајна сила, особено на Балканот. „Нелегалниот напад на Србија имаше огромно негативно влијание врз мислењето на јавноста и елитите во Русија“, оценува експертот.

Третата погрешна проценка на САД, според него, е циничниот однос кон договорите од Минск, кои Западот ги склучи за да добие време, а не заради мирот во Украина.

Тој смета дека уште една грешка е недоволната реакција на загриженоста на рускиот претседател Владимир Путин во врска со воената соработка меѓу Украина и НАТО.

На крајот, Американците ги прекинаа руско-украинските преговори во март 2022 година и не дозволија конфликтот да се реши за неколку недели. Според експертите, конфликтот дополнително се разгорува со пумпање на Украина со оружје што не носи пресврт на бојното поле и само ја провоцира Москва да одговори.

„Вашингтон и Европа не само што ја делат одговорноста за овој ужасен конфликт, туку и ја користат крвта на Украинците за да ги постигнат своите цели“, заклучи Бенду.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин на седницата на клубот Валдај изјави дека Москва не го започнала конфликтот во Украина, туку се обидува да го прекине. Како што додаде, Русија стабилно се движи кон постигнување на сите цели на специјалната воена операција, пренесува Спутник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…

Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…