Помошта за децата во Газа е прашање на живот и смрт
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека доставувањето помош за децата во блокираниот Појас Газа е прашање на живот и смрт.
„Обезбедувањето помош на децата во Газа е прашање на живот и смрт“, се наведува во објавата на УНИЦЕФ на социјалната мрежа Х.
Во соопштението се нагласува дека потребата од вода, храна, лекови и гориво во Појасот Газа е многу голема и итна и дека прекинот на огнот би бил најдобриот начин да се спасат жителите на Газа и да се ублажат нивните маки.
Во исто време, Филип Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), рече дека во февруари, количината на хуманитарна помош што влегла во Појасот Газа била двојно помала во споредба со претходниот месец.
Лазарини во вчерашната изјава наведе дека од 23 јануари не можат да достават помош до северниот дел на Појасот Газа, кој од 7 октомври минатата година беше цел на жестоки израелски напади.
Поради опструкцијата на Израел, кому му се суди за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), не може да се достави доволно помош до Газа. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…
Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…
Филипче ја обвини Владата за попречување на…
Младите имаат право на научно засновани информации…